Вучиќ се огласи за нарко-афера која води до Македонија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи по повод неодамнешната заплена на голема количина дрога во близина на Крушевац која дошла од Македонија, оценувајќи дека дел од јавноста и политичките актери се обидуваат секој успех на државата да го претстават во негативен контекст.

,,Што и да се случи, каде и да се случи, тие ќе свртат сѐ наопаку и за секој успех на државата ќе ја обвинат токму државата“, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм, реагирајќи на коментарите и критиките поврзани со случајот.
Во меѓувреме, Посебното одделение за организиран криминал при Вишиот суд во Белград на 31 јануари 2026 година донесе решение со кое им одреди притвор на осомничените Н.С., Р.С. и И.Д., во траење до 30 дена. Притворот е изречен поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, ризик од повторување на кривичното дело, како и поради тежината на делото и вознемиреноста на јавноста.
Според судското решение, осомничените се товарат за кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, за кое е предвидена затворска казна подолга од десет години. Судот оценил дека начинот на извршување и последиците од делото можат да го загрозат непреченото и правично водење на кривичната постапка доколку осомничените се бранат од слобода.