
Македонија преку Украина или Словачка ќе бара пласман на Светското во ракомет
Македонските ракометари во борба за пласман на Светското првенство односно во баражот 3 ќе играат со победникот од дуелот Украина – Словачка. Ова е епилогот од денешното извлекување на двојките за баражот од третата фаза.
Македонските ракометари во борба за пласман на Светското првенство односно во баражот 3 ќе играат со победникот од дуелот Украина – Словачка. Ова е епилогот од денешното извлекување на двојките за баражот од третата фаза.
Противникот ќе биде познат во март годинава кога ќе се играат бараж дуелите меѓу Украина и Словачка.
Другите двојки за пласман на СП 2027 се:
Победник Босна и Херцеговина / Косово – Фарски острови
Чешка – Франција
Швајцарија – Италија
Победник Финска / Црна Гора – Словенија
Победник Србија / Литванија – Унгарија
Шпанија – Победник Грузија / Израел
Победник Грција / Белгија – Холандија
Норвешка – Победник Турција/ Романија
Австрија – Победник Полска / Летонија
Термини за одигрување на натпреварите се 13-14.мај (прв натпревар) и 16-17.мај (реванш).
Лазаров: Максимална сериозност и почит
Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров, оцени дека ждрепката е поволна, но предупреди дека пристапот мора да биде сериозен и професионален. Тој истакна дека постои целосна почит кон репрезентациите на Украина и Словачка, додавајќи дека стручниот штаб уште од сега ќе започне со изработка на план за подготовка со цел тимот максимално подготвен да ги дочека мајските натпревари.