Реакција на Маск по објавата на документите за Епстајн во кои се споменува неговото име

Милијардерот Илон Маск се огласи на социјалните мрежи откако неговото име се појави во новиот пакет објавени документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, кои вклучуваат е-мејл преписка од 2013 година.

Милијардерот Илон Маск се огласи на социјалните мрежи откако неговото име се појави во новиот пакет објавени документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, кои вклучуваат е-мејл преписка од 2013 година.

Според објавените мејлови, Маск во декември 2013 година разменувал пораки со Епстајн за можна посета на неговиот карипски остров, додека посебна преписка покажува дека Епстајн во февруари истата година се обидувал да договори ручек со Маск.

Маск на Х наведе дека имал многу ограничена комуникација со Епстајн и дека одбил повеќекратни покани да го посети неговиот остров или да патува со неговиот авион.

Тој истакна дека е свесен дека дел од преписката може погрешно да биде протолкувана, но оти тоа не го загрижува. Маск додаде дека силно се залагал за објавување на документите за Епстајн и нагласи дека е важно кривично да се гонат оние кои сториле тешки кривични дела, особено во случаите на сексуално искористување малолетнички.

– Свесен сум дека дел од мојата преписка со Епстајн може погрешно да се протолкува. Ниту едно лице не се залагало посилно од мене за објава на документите за Епстајн и мило ми е што тоа конечно се случи, наведе Маск на Х.