
Матичните гинеколози упатија јавна реакција до Министерството и Фондот за здравство, барајќи промени и јасно дефинирање на услугите во примарната гинеколошка здравствена заштита.
Денеска од пред Министерството за здравство тие порачаа дека мора да се ревидираат договорите со Фондот и да се утврди точно кои услуги се бесплатни за пациентките, а кои не се.
Реакцијата следува по контролите кои ги изврши Фондот, а во кои беше утврдено дека дел од матичните гинеколози им наплатувале на пациентки за услуги кои се покриени од државата.
Гинеколозите велат дека проблемот не е во злоупотреби, туку во системски хаос.
Од Министерството за здравство, пак, велат дека ќе ги проследат барањата.