Поднесени три обвиненија за 23 полициски службеници за пожарот во „Пулс”
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска информираат дека се поднесени три обвиненија со вкупно обвинети 23 полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од кој двајца се повторуваат во две обвиненија. Предметната обвинителка Ивана Трајчева на брифинг сподели детали за обвиненијата.
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска информираат дека се поднесени три обвиненија со вкупно обвинети 23 полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од кој двајца се повторуваат во две обвиненија. Предметната обвинителка Ивана Трајчева на брифинг сподели детали за обвиненијата.
Тринаесет од обвинетите се гонат за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност”.
-Обвинетите во период од 14-ти до 16 март 2025 година не постапиле согласно прописите за мерките за заштита одобрувајќи и спроведувајќи План за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на ПС Кочани, без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки што се во надлежност на МВР, како и дали се почитувани одредбите од Стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење на полициски работи, информираат од Обвинителството.
На денот на трагедијата, 16-ти март, според обвинителството, дел од обвинетите, при акциската контрола во дискотеката ,,Пулс”, не презеле соодветни мерки на присутните гости.
-Не превеле ниту мерки за спречување на активирање на пиротехничка опрема на сцената, иако употребата на пиротехниката не била пријавена во ПС Кочани. Како последица на несоодветните услови за работа во текот на акциската контрола, настанал пожар, при што придонеле за настапувањето смрт на 63 лица, а 223 лица се здобиле со тешки телесни повреди и телесни повреди, велат од Обвинителството.
Обвинителката појасни дека овие деветмина полицајци, со уште еден полицаец кој почина критичната вечер, кога влегле во дискотеката требало да се упатат кон бината и да реагираат да се отстрани пиротехниката.
Покрај ова до Кривичниот суд е поднесен и обвинителен предлог против девет полициски службеници за ,,Злоупотреба на службена положба и овластување”.
-Обвинетите не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за вршење на угостителска дејност на ,,Пулс” му овозможиле да добие лиценца во 2022 и 2023 година, а со намера да прибават имотна корист за правното лице во износ од 284.576 денари за 2022 година и имотна корист за неформалниот сопственик на клубот, во вкупен износ од 335.916 денари бруто плата.
Дополнително, информираат и дека е поднесен обвинителен предлог против тројца полициски службеници, кои не ги извршиле своите должности.
-Обвинетите, при изготвување на записници за извршена контрола во клубот во кои констатирале сторени прекршоци, а внеле неточни податоци за правното и одговорното лице и дозволиле да бидат поведени прекршочни постапки против неактивно правно лице и физичко лице со намера за правното и физичкото лице да прибават имотна корист, велат од Обвинителството.
Во однос на уште седум полициски службеници, истражната постапка е запрена.
-Постапувајќи по наводите од кривичната пријава поднесена од МВР поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител во текот на истрагата презеде повеќе дејствија со цел правилно и целосно утврдување на фактичката состојба. Притоа е утврдено дека на повеќе полициски службеници им се ставаат на товар дејствија што ги презеле во временскиот период од 2012 година до 2022 година. Имајќи во предвид дека надлежноста на специјализираното одделение е воспоставена во 2018 година, предмет на кривично правна оценка во оваа постапка беа само за дејствијата преземени од 2019 година до 2022 година, додека за останатите предметот е испратен на надлежно постапување во Кочани“, додаваат од Обвинителството.
Преземено од Фокус.мк