Ивановска за новите членови на управните и надзорни одбори: И овие од тефтерчето!
Поранешната претседателка на ДКСК – Билјана Ивановска имаше свој коментар на вчерашниот избор на нови членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија во Град Скопје. Таа на Фејсбук напиша дека повторно се случува „избор од тефтерчето“.

„Бидејќи праксата покажува дека членовите на управни и на надзорни одбори се исклучиво партиски…при промена на власта се создава лоша состојба на чистка по принципот – или си од наша или не. Никој не прашува за стручност професионалност и одговорност… Но, колку да се знае и за вакви состојби. Законот предвидува „доколку основачот ги разреши сите членови на УО, до именување на нови може да назначи ВД кои ги исполнуваат законските услови со мандат од три месеци без можност за продолжување. Прашање: Од каде јавноста ќе знае дали ги исполнуваат условите без транспарентно да се каже кој се е предложен?„, пишува Ивановска.