(ВИДЕО) Јовановиќ: За минималната плата единствено одговорна е Владата
➡Минималната плата во Македонија е прашање коешто се утврдува од страна на државата. Има закон за минимална плата и законот вика дека минималната плата ја поставува Владата, по насока на тоа што ќе каже економско-социјалниот совет, но никаде законот за минимална плата не кажува дека тоа што економско-социјалниот совет ќе се договори или нема да се договори е обврзувачки. ➡ВМРО-ДПМНЕ низ историјата никогаш не било на страна на работниците, никогаш не било на страна на сиромашните, никогаш не било за социјала, за покачување на плати, за борба против сиромаштија. Тие секогаш биле на страна на бизнисмените. ➡Потребен е голем ресет околу задолжувањето. Ова задолжување од 1 милијарда евра сега што го направија за мене не е ништо невообичаено, сосема нормално, затоа што оваа Влада има еден голем проблем. Таа сака да троши, има големи апетити, не сака даги зголеми приходите, односно не сака да ги оданочи големите фирми, не сака да воведе прогресивен данок, дури и оној солидарен данок што го воведе претходната Влада тие го поништија, така што апсолутно не сакаат да ги зголемат приходите. ➡Она што мислам дека ќе се случи е дека Владата, можеби не оваа година, но веќе наредната, ќе мора да ги зголеми даноците, со тоа што ќе ги зголеми оние даноци што најмногу ги погаѓаат сиромашните, а тоа е ДДВ. Веројатно ќе го зголемат ДДВ-то од 18% на 20%, и веројатно ќе го зголемат придонесот за пензиско осигурување и треба да видиме какви ќе бидат реакциите на јавноста ма такво нешто, вели Јовановиќ.
„Минималната плата е прашање кое не се утврдува од страна на работодавачите. Минималната плата во Македонија е прашање коешто се утврдува од страна на државата. Има закон за минимална плата и законот вика дека минималната плата ја поставува Владата, по насока на тоа што ќе каже економско-социјалниот совет, но никаде законот за минимална плата не кажува дека тоа што економско-социјалниот совет ќе се договори или нема да се договори е обврзувачки.
Минималната плата е во надлежност на Владата, така што тоа што Владата не сака да ја покачи минималната плата, тоа е чисто одговорност само на Владата. Не е тоа на бизнисмените, не е тоа на синдикатите, туку е на Владата. Нашата Влада не сака да ја покачи минималната плата. Не само сега. Веќе година и пол не сака да ја покачи минималната плата. Едно од идеолошки причини – затоа што се десничарска Влада и ВМРО-ДПМНЕ низ историјата никогаш не било на страна на работниците, никогаш не било на страна на сиромашните, никогаш не било за социјала, за покачување на плати, за борба против сиромаштија. Тие секогаш биле на страна на бизнисмените“, изјави во „Трилинг“ Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт, за тоа дали е можно да се стигне до прифатливо решение околу барањата на ССМ, од кое и државата и работниците, но и бизнис заедницата ќе бидат задоволни.

Говорејќи дека минатата година имавме едвај 65% реализација на капитални инвестиции и кои се причините за ваквата слаба реализација на овие инвестиции, а и натаму имаме релативно висока стапка на инфлација, плус тоа дека годината ја започнавме со ново задолжување од 1 милијарда преку десеттата еврообврзница, Јовановиќ вели дека капиталните инвестиции се рак рана во Македонија и постојано реализацијата е ниска.
„Причината е едноставна – секоја Влада во Македонија на капиталните инвестиции не гледала како на средство за развој на државата, туку гледала како на маркетинг средство. Значи само да се фалат, ќе го направат новиот буџет, ќе се испофалат – ќе направиме автопат, ќе направиме пруга, болница … постојано се фалат. Истите приказни, истите проекти ги повторуваат. Чебрен и Галиште 50 пати веќе го слушаме изминативе години. Истите проекти постојано ги повторуваат, рециклираат за да се фалат дека тие се градители и на крајот од годината ништо од тоа не се реализира, затоа што Владата нема капацитет да ги решава тие проекти затоа што не им е важно.
-Не дека не можат. Ако сакаат да ги направат. можат да ги направат, но не сакаат да ги направат затоа што немаат некоја директна корист од тоа. Можноста да спечалат од тоа е релативно ограничена, така што тоа е главната причина зошто капиталните инвестиции не се реализираат. Тука е потребен голем ресет околу задолжувањето. Ова задолжување од 1 милијарда евра сега што го направија за мене не е ништо невообичаено, сосема нормално, затоа што оваа Влада има еден голем проблем. Таа сака да троши, има големи апетити, сака да качува пензии, сака да гради проекти во мали општини, а од друга страна не сака даги зголеми приходите, односно не сака да ги оданочи големите фирми, не сака да воведе прогресивен данок, дури и оној солидарен данок што го воведе претходната Влада тие го поништија, така што апсолутно не сакаат да ги зголемат приходите.
-И во таква ситуација кога не сакате да зголемувате приходи, а сакате да трошите повеќе и повеќе, мора да се задолжувате. Македонската Влада си ги пушта нозете многу подолго отколку што е чергата и цената за тоа е ова задолжување. Така што нема дилема дека задолжувањето само ќе се зголемува. Не е точно дека оваа милијарда е земена само за да се враќаат стари долгови, затоа што еврообврзницата којашто треба да се врати оваа година, онаа од 2020 за време на короната, е 700 милиони евра. Тие се задолжија на милијарда. Значи 300 милиони се ново задолжување.
-Она што е многу важно е дека каматната стапка на оваа нова еврообврзница е повисока од старата. Значи состојбата не е добра и само ќе се влошува. Макро-економски ако видиме, ние имаме шест години по ред, од 2021 до сега фискален дефицит кој ни е над 4% од БДП. Според новиот закон за буџети имаме фискално правило коешто вика дека дефицитот мора да биде под 3%. Владата нема никаква намера дефицитот да го стави под 3%, така што нема никаква дилема дека долгот ќе продолжи да расте, но она што за мене е најстрашно, а многу малку се говори во јавноста, е дека во оваа година, според буџетот што го донесоа пред месец дена е предвидено да се потрошат 350 милиони евра за камати на долгот. Значи не говориме за враќање на главници, еврообврзница, туку само за камати. Тоа е повеќе пари отколку што даваме за борба со сиромаштијата. Така што тој долг или ќе расте се повеќе и повеќе. Она што мислам дека ќе се случи е дека Владата, можеби не оваа година, но веќе наредната, ќе мора да ги зголеми даноците, со тоа што ќе ги зголеми оние даноци што најмногу ги погаѓаат сиромашните, а тоа е ДДВ. Веројатно ќе го зголемат ДДВ-то од 18% на 20%, и веројатно ќе го зголемат придонесот за пензиско осигурување и треба да видиме какви ќе бидат реакциите на јавноста ма такво нешто.
-Да потсетам дека бугарската Влада падна токму заради вакво нешто – ги зголемија придонесите. Треба да видиме дали во Македонија ќе се случи такво нешто, но со вакво неодговорно однесување од страна на Владата каде с е троши за глупости, а не сакате да ги даночите големите фирми, богатите, не сакате да зголемувате плати, мислам дека нема друга иднина, вели Јовановиќ.
Целото интервју погледнете го во видеото.