(ВИДЕО) Во Трилинг со д-р Јовевски, Јовановиќ, Љутков и Јовановски

Во новото издание на „Трилинг“ соговорници се д-р Лазар Јовевски, професор по трудово право, Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт, Зоран Љутков, министер за култура и туризам и новинарот Борјан Јовановски.

Во новото издание на „Трилинг“ соговорници се д-р Лазар Јовевски, професор по трудово право, Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт, Зоран Љутков, министер за култура и туризам и новинарот Борјан Јовановски.

Фото: Трилинг / Лазар Јовевски

„Суштинското прашање за мене е, како ние да успееме во Македонија да ги зголемуваме платите на 80% работници, граѓани наши, коишто се движат околу 27.000 до 70.000 денари.

-Јас ги охрабрувам работодавачите да излезат од таа некоја зона на мајндсет дека треба што помалку да му се даде на работникот“, изјави д-р Лазар Јовевски, професор по трудово право.

Фото: Трилинг / Бранимир Јовановиќ

„Минималната плата е во надлежност на Владата. Тоа што Владата не сака да ја покачи минималната плата е чиста нејзина одговорност“, изјави Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт.

Фото: Трилинг / Зоран Љутков

„Како може јас да не ги почитувам законите? Зарем некој ќе помисли дека министерот за култура, којшто доаѓа од фелата, којшто доаѓа од Драмски театар, којшто одлично ги познава состојбите ќе оди против своите колеги?

-Многу добро знаат моите колеги дека совршено добро знам каква е состојбата внатре“, изјави министерот за култура Зоран Љутков.

Фото: Трилинг / Борјан Јовановски

„Мали земји како што е нашата се изложени на ризик да пропаднат во отворите, во пукнатините кои се случуваат во тој геополитички земјотрес доколку останат сами“, вели новинарот Борјан Јовановски.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.