РКЕ: Одземањето на лиценцата на „Тритерол петрол“ е согласно Законот за енергетика

Од Регулаторната комисија за енергетика, преку соопштение до медиумите реагираат на информацијата дека за претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, од страна на Финансиската полиција е поднесена кривична пријава до Обвинителството за злоупотреба на службената положба и овластување.

Соопштението од РКЕ го пренесуваме во целост:

„Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција.

РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на ‘Тритерол петрол’ е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци.

РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата“, се вели во соопштението од РКЕ.

Претседателот на Регулаторната комисија доби кривична пријава од Финансиската полиција