
Кина погуби 11 членови на семејна криминална банда со седиште во Мјанмар
Во Кина егзекутирани се 11 членови на семејната криминална банда, која раководеше со центри за интернет измами во Мјанмар.
Во Кина егзекутирани се 11 членови на семејната криминална банда, која раководеше со центри за интернет измами во Мјанмар.
Судот во Венџу соопшти дека утрово се погубени 11 лица, кои во септември минатата година беа осудени на смрт за тешки кривични дела, вклучително убиство на 14 кинески државјани, раководење со коцкарници и интернет измами.
Измамите и коцкарниците на семејството Минг им донеле повеќе од 10 милијарди јуани (1,4 милијарди долари) во периодот од 2015 со 2023 година.
Тие беа приведени во ноември 2023 година кога кинеските власти извршија притисок врз властите на граничните области во Мјанмар да се справат со измамите.
Центрите за измами се „голем бизнис“ во Југоисточна Азија, особено во Мјанмар, Камбоџа и Лаос, од каде се вршат дигитални измами врз луѓето ширум светот.
Властите во регионот се под меѓународен притисок од Кина, САД и други земји да работат на сузбивање на криминалните активности