Техничката влада може да биде укината веќе идната седмица

Владата го почна процесот на укинување на Пржинската или техничката влада и без консензус од сите праламентарни партии. Уште утре, а најдоцна следната недела, измените на Законот за Влада ќе бидат доставени до пратениците, брифира за Слободен печат“ висок функционер од Владата.

Владата го почна процесот на укинување на Пржинската или техничката влада и без консензус од сите праламентарни партии. Уште утре, а најдоцна следната недела, измените на Законот за Влада ќе бидат доставени до пратениците, брифира за Слободен печат“ висок функционер од Владата.

Предлогот е техничката влада да важи уште за следните избори, а дефинитивно ќе замине во историјата на изборите потоа, иако опозицискиот СДСМ е против, а ДУИ уште чека абер од меѓународните претставници за да изгради став по ова прашање. ЗНАМ, Вреди и Левица по лидерската се изјаснија дека се за укинување на техничката влада.

Освен укинувањето на техничката влада, законот ќе претрпи измени и во делот на министерствата за да се прецизира во кои ресори опозицијата ќе има дополнителни министри, по реорганизацијата на Владата.

– Техничка влада не треба, апсолутно е беспредметно, но опозицискиот СДСМ се предомисли. Иако пред изборите велеа дека се за укинување на техничката влада, сега велат не. Би било премногу таа засекогаш да остане. Ние велиме во ред, можеме сами да го смениме со 61 пратеник и не е потребен Бадентер, еве на следните парламентарни избори нека остане техничката влада, но барем од следните избори, еве покажете се, победете и од следните избори можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе биде опозиција и ќе нема жалење. Имав состанок со министерот за јавна администрација и законот најверојатно ќе оди како предлог од Владата – рече Мицкоски во интервју за ТВ 21.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче повтори дека нема да го поддржат предлогот. Тој за „Слободен печат“ вели дека со самото тоа што власта законот ќе го турка без консензус, покажува дека нема демократски капацитет.

– Нема да го поддржиме укинувањето на техничката влада. Сметаме дека во овој момент општеството е далеку од подготвено и оваа Влада е далеку од капацитетот да спроведе фер и демократски избори. Ако тоа го кажуваме сега, не може да претпоставиме како ќе биде во следниот изборен циклус, имајќи предвид дека тоа е одлука што се носи со консензус на сите партии. Техничката влада се воведе врз основа на параметри, критериуми и настани во 2015/16 година, кои не само што се слични, јас би рекол се идентични со условите на тогашното владеење на Никола Груевски со ова сега – авторитарно, со злоупотреба на полицијата, социјалните служби и други институции кои се целосно партизирани. Нема ниту една, ама ниту една причина за да се укине. Оваа власт ги има истите манири. Ние нема да поддржиме решение со кое повторно на мала врата, со некој трик ќе се протне дека сега ќе остане техничката влада, а на следните избори ќе се укине – вели Филипче.

Според него, преку реална и објективна анализа треба да се утврди дали власта е спремна или не да спроведе демократски избори. Тој додава дека ова ќе биде прв циклус на парламентарни избори во организација на ВМРО-ДПМНЕ по 2016 година. СДСМ ќе учествува на избори без оглед дали техничката влада ќе се укине.