Мерсие: Измените на правосудните закони би можеле да претставуваат чекор назад на Србија кон ЕУ
Европската комисија е свесна за усвојувањето на измените и дополнувањата на клучните правосудни закони во Србија и сега ќе ја процениме содржината на усвоениот законски текст, изјави денеска портпаролот на ЕК за проширување Гијом Мерсие во одговор на новинарско прашање за усогласеноста на овие законски измени со стандардите на ЕУ.

– Како што веќе кажавме претходно во процесот, овие измени би можеле да претставуваат значаен чекор назад во посветеноста на Србија на нејзиниот пат кон пристапување кон ЕУ. Дозволете ми да забележам дека овие измени беа подготвени и усвоени преку брза и нетранспарентна постапка, без јавни консултации со сите релевантни засегнати страни, вклучувајќи ги Европската комисија и Венецијанската комисија, истакна Мерсие.
Тој додаде дека од Србија како од земја кандидат за членство, се очекува да ја зајакне својата судска независност и автономијата на своето обвинителство во согласност со препораките на Европската комисија.
– Откако ќе биде финализирана нашата проценка (на законските измени), ќе постапиме соодветно, додаде Мерсие.