Над 43.000 громови регистрирани во текот на денешниот ден во Грција
Во текот на денешниот ден заклучно со 17:30 часот по локално време, во Грција биле регистрирани вкупно 43.295 електрични празнења, од кои 5.644 над копното и 37.651 над морето, според податоците од инструментот Lightning Imager на метеоролошкиот сателит Meteosat-12, објави порталот Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Метео објаснија дека електричните празнења ги опфаќаат молњите (празнења меѓу облаци и земјата), електричните празнења меѓу облаци, како и празнења меѓу облаци и воздух.
Во однос на дождот што во текот на денот беше интензивен во повеќе делови на Грција, според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина, количината вода надминала 100 литри на квадратен метар во североисточна Грција и на Пелопонез.