Засега четири кандидати за наследник на Коцевски

Потврда дека доставиле кандидатури засега има од судијата Ненад Савески и јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, обвинителката Ленче Ристоска, а преку социјалните мрежи можна кандидатура најави и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Денеска на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатурите за државен јавен обвинител и, според информации од Собранието, досега пристигнале четири кандидатури чии имиња не се откриваат.

Потврда дека доставиле кандидатури засега има од судијата Ненад Савески и јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, обвинителката Ленче Ристоска, а преку социјалните мрежи можна кандидатура најави и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Новиот државен јавен обвинител треба да има најмалку 10-годишно работно искуство, а секој до кандидатите треба да биде оценет од Советот на јавни обвинители кои потоа треба да испратат список со имиња до Владата која пак ќе избере еден кандидат кој ќе го наследи доскорешниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Коцевски си даде неотповиклива оставка од функцијата истиот ден кога за неговото разрешување требаше да се дебатира во Собранието. Коцевски обвини дека неговото разрешување е од политички причини и без аргументи.

Коцевски ја извршување функцијата неполни две години откако беше избран на 13 февруари 2024 година. Во моментот, вршител на должноста државен јавен обвинител е Анита Тополова Исајловска.