Русија инсистира на ослободување на Николас Мадуро

Русија инсистира на ослободување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше заробен и префрлен од Венецуела во САД, изјави за руските медиуми заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Првиот чекор, без кој сè друго останува чисто хипотетички, е ослободувањето на Мадуро и неговата сопруга“, рече заменик-министерот, одговарајќи на прашањето дали Русија би била подготвена да му обезбеди засолниште на Мадуро доколку тој биде ослободен.

„Но, бидејќи ова (заробувањето на претседател) веќе се случи, потребно е да се инсистира на ослободување на претседателот на Венецуела“, нагласи Рјабков. Тој додаде дека посебно прашање е каков ќе биде идниот план на Русија. „И едноставно нема смисла да се зборува за тоа сега“, додаде Рјабков. За потсетување, во сабота, 3 јануари, околу 2 часот по локално време, САД го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, во воена операција во Каракас. Тие беа однесени во Њујорк, каде што ќе се соочат со судење по „обвинение за трговија со наркотици“.