
Колкави се казните ако ве фатат камерите на „Сејф сити“?
Со воведувањето на системот „Сејф сити“, ќе има автоматско казнување за четири конкретни сообраќајни прекршоци со јасно утврдени и фиксни казни, во согласност со Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објави „Независен.мк“.
Со воведувањето на системот „Сејф сити“, ќе има автоматско казнување за четири конкретни сообраќајни прекршоци со јасно утврдени и фиксни казни, во согласност со Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објави „Независен.мк“.
1. Пречекорување на дозволената брзина
Казните за прекршување на брзинскиот лимит се определуваат според тоа колку километри на час е надмината границата:
-до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во денарска противвредност
-од 20 до 30 km/h: 45 евра
-од 30 до 50 km/h: 300 евра и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци
-над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување најмалку 12 месеци
Во населено место, казните се построги и може да достигнат 500 евра со задолжителна забрана за управување.
2. Минување на црвено светло
Системот автоматски санкционира минување на црвено светло со:
-250 евра парична казна
-забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци
Доколку прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода, се применува и кривична одговорност.
3. Управување со истечена сообраќајна дозвола или регистрација
За возење со истечена сообраќајна дозвола:
-100 евра казна за возачот
-250 евра казна за сопственикот, ако е друго лице
Системот автоматски проверува преку регистрите на МВР.
4. Непрописно запирање и паркирање
Казни за непрописно запирање или паркирање:
-30 евра за стандардни прекршоци
-45 евра ако возилото го попречува сообраќајот
-50 евра ако возилото е паркирано на место за лица со попреченост
-Во случаи каде што возилото претставува ризик, се применува и подигнување со пајак-служба со дополнителни трошоци.
Ако казната се плати во рок од 8 дена, сторителот плаќа само 50% од износот. По истекот на рокот, казната се наплатува во целост, со можност за присилна наплата.
Возач кој добие три забрани за управување во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано по една година.
извор: Независен.мк