
Голем пожар кај Тутунски комбинат во Скопје
На местото се пристигнати повеќе пожарникарски екипи, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Според првичните информации, пламените јазици зафатиле објект и материјали во кругот на комбинатот. Некои од очевидците велат дека е зафатен и автомеханичарски сервис, по што огнот брзо се проширил, објави 24Инфо.
Голем пожар избувна пред малку во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје. Столбот од чад е видлив од повеќе делови на Скопје.
На местото се пристигнати повеќе пожарникарски екипи, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Според првичните информации, пламените јазици зафатиле објект и материјали во кругот на комбинатот. Некои од очевидците велат дека е зафатен и автомеханичарски сервис, по што огнот брзо се проширил, објави 24Инфо.
Сè уште нема официјални информации за повредени луѓе, но надлежните апелираат граѓаните да не се приближуваат до местото на настанот поради ризик од вдишување чад.