
Изложба на дела од 13. и 14. Меѓународна ликовна колонија „Љубанци 2023/2024“
Изложба на дела создадени за време на 13. и 14. Меѓународна ликовна колонија „Љубанци 2023/2024“ ќе биде отворена вечер во галеријата на Детскиот ликовен центар.
Изложба на дела создадени за време на 13. и 14. Меѓународна ликовна колонија „Љубанци 2023/2024“ ќе биде отворена вечер во галеријата на Детскиот ликовен центар.
Изложбата ги претставува истражувањата и индивидуалноста на автори од различни генерации, разновидноста на стилови, техники и теми, информираат од Детскиот ликовен центар.
На изложбата ќе бидат претставени дела од: Христо Николов, Живка Коцева Карошовска, Петар Беслаќ, Сарита Коневска, Димко Спироски, Мики Трендафиловски, Глигор Васков, Владимир Лазоски, Илија Богоевски, Наташа С. Зафировска, Данчо Ордев, Боро Арсовски, Харалампие Манчев, Виктор Јаневски, Владан Ранѓеловиќ, Емилија и Стојче Тоциновски, Братислав Костиќ, Ахмед Кадри, Христина Стојчевска, Петар Јовановски и Зоран Бошковски.