На аеродромот во Скопје пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, на автопатот „Струма“.
Во организираната церемонија, на аеродромската писта достојна почит на 45-те жртви кои ги загубија животите во страотната несреќа им оддадоа Претседателот, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.
Последна почит оддадоа и претседателката на Косово – Вјоса Османи и претседателката на албанското Собрание, Линдита Никола.
Венец положи и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.
На плоштадот „Скендербег“ во Скопје претходно беа поставени венци кај кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа.
На барање на семејствата на загинатите, откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.
Посмртните останки со возила на погребалното претпријатие „Бутел“ ќе бидат пренесни до нивните вечни почивалишта.