Роналдо е апсолутен рекордер по број на постигнати голови

Дербито во Премиерлигата му припадна на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ со 3-2 беа поуспешни од Арсенал, а португалскиот ас Кристијано Роналдо (36) на тој меч дојде до неверојатна бројка од 801 гол на официјалните натпревари.

Тоа постигнување во најсилните фудбалски лиги во светот претходно не му успеало на ниеден друг фудбалер.

Иако нема официјална база на податоци за тоа кој е најдобриот фудбалски стрелец на сите времиња, сепак светските медиуми се согласни дека Португалецот Роналдо е првиот голгетер на кого ова му успеало.

Има полемики затоа што информациите велат дека бразилските легенди Пеле и Ромарио постигнале над 1.000 голови во кариерите, но статистичарите посочуваат дека португалскиот напаѓач е на чело на оваа престижна листа.