
СДСМ нема да ги поддржи законските измени за системот „Безбеден град“
„Не можеме да дозволиме системот парцијално да се имплементира. Освен што сме за безбедност во сообраќајот ние сме и за безбедност на податоците – нешто што повторно власта ниту го коментира ниту се обидува да го регулира. Еве, седнаа на маса на лидерската средба, се договорија, видовме, ќе видиме што ќе биде другиот резултат од тој пазар. Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција“, изјави Филипче на денешната прес-конференција.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека пратеничката група на партијата во Собранието нема да го поддржи предлог-законот за прекршоци кој е потребен за да системот „Безбеден град“ да може да профункционира. Филипче рече дека СДСМ не е против безбедноста во сообраќајот. Потврда за тоа е и фактот што владата на СДСМ го започна системот „Безбеден град“.
„Не можеме да дозволиме системот парцијално да се имплементира. Освен што сме за безбедност во сообраќајот ние сме и за безбедност на податоците – нешто што повторно власта ниту го коментира ниту се обидува да го регулира. Еве, седнаа на маса на лидерската средба, се договорија, видовме, ќе видиме што ќе биде другиот резултат од тој пазар. Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција“, изјави Филипче на денешната прес-конференција.
Според него, СДСМ нема да поддржи закон во кој огромната база на податоци не е регулирана, а во законот не се укажува како ќе се контролираат.