Мицкоски од Давос: Во наредните години за 2,5 пати ќе порасне потреба од електрична енергија, нема да бидеме нем набљудувач

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Давос, каде што у8чествува на Светскиот економски форум, преку видео порака до македонската јавност соопшти дека имал успешен ден при што остварил средби со претставници од мултинационални компании. Темите кои што биле опфатени, биле од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Давос, каде што у8чествува на Светскиот економски форум, преку видео порака до македонската јавност соопшти дека имал успешен ден при што остварил средби со претставници од мултинационални компании. Темите кои што биле опфатени, биле од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.

Мицкоски посочи дека од негова страна биле претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, „нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани“.

Во порака акцент става на, како што вели „вториот дел од денот“, односно панелот за енергетика, каде што беше учесник и говорник, заедно со секретарот за енергетика на САД, г. Рајт.

„Панел, каде учество имаше буквално целото светско водство во енергетскиот бизнис, компании кои што доаѓаат од сите континенти, компании чии што обрти се движат во рамките на илјадници милијарди. Таму разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката во годините кои што следат, пред се енергетиката од областа на производство на електрична енергија“, истакна Мицкоски.

Притоа, заклучува дека како резултат на овој панел за енергетика важни се три работи:

„Првата работа е дека во годините кои што следат, потребата од енергија во светот ќе расте, но два ипол пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија. И тука, ние како Македонија, како држава, не смееме да бидеме нем набљудувач, туку треба да бидеме активен чинител и активен учесник и тука повторно треба да ги рестартираме сите оние можеби заборавени енергетски проекти од минатото, како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите. И да го понудиме потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на голем број од инвеститорите кои покажаа несомнен интерес во дискусиите по завршувањето на панелот“, вели Мицкоски.

Втора работа, како што посочува, која што исто така е значајна е дека во следните десет години производните капацитети кои што треба да бидат изградени, кои што треба да произведуваат електрична енергија во светот, ќе треба да произведат вкупно 40 000 терават часови електрична енергија.

„Колкава е таа количина електрична енергија? Тоа е пет ипол илјади пати повеќе отколку што денес Македонија троши електрична енергија и некаде отприлика толку колку што денеска САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно трошат. Зошто е ова потребно? Затоа што во годините кои што следат развојот на човештвото ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и развој на центрите за податоци или т.н. дата центри, кои што работат, не на енергија, туку на електрична енергија“, вели Мицкоски.

Тој нагласува дека тоа се трите факти кои што се многу важни и ние како држава тој чекор треба да го следиме и во таа насока да ја развиваме нашата економија.

„Од економија која што се темелеше на развој на автомобилската индустрија, да го диверзифицираме своето портфолио и да бидеме значаен чинител, имајќи ги предвид перформансите и потенцијалот што го нудиме во делот и секторот на енергетика. Јас сум убеден дека тоа како држава можеме да го направиме. Јас сум убеден дека ние како држава ќе успееме во таа намера“, вели Мицкоски во видео пораката од Светскиот економски форум во Давос.