(Видео) Со рацете во џеб, судијата Ристов отиде во суд, придружуван од сопругата и адвокатот
Со рацете во џеб, судијата Ѓоко Ристов од скопска Апелација од Обвинителството каде беше на распит, замина во Кривичен суд, каде ќе се одлучува по предлогот да му изречат куќен притвор. Во домот на неговите родители, беа најдени 350.000 евра заѕидани во ѕид, објави Скопје1.мк

Ристов беше во друштво на неговата сопруга која го чекаше на влезот од Обвинителството, и адвокатот Sвонко Давидовиќ. Во судот дојде и адвокатот Душко Јанковиќ, а таму отиде и обвинителката Искра Хаџи Василева.
View this post on Instagram
Претходно, Судски совет му го симна имунитетот на Ристов, за Кривичен суд да може да одреди мерки на претпазливост.
Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, при што во домот на неговите родители во Неготино, за време на претрес извршен по наредба на суд, беа пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид. Обвинителството соопшти дека парите се сомнителни како незаконски стекнати, а постапката е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност, објави Скопје1.мк