Румен Радев поднесе оставка, на негово место седнува Илијана Јотова
Бугарскиот претседател Румен Радев поднесе оставка до Уставниот суд, што е прв ваков случај во историјата на демократска Бугарија. Во емотивното обраќање до нацијата, тој порача дека последен пат се обраќа како претседател, нагласувајќи дека неговата борба продолжува на друг фронт.

Според бугарскиот Устав, мандатот на претседателот престанува откако Уставниот суд ќе ги утврди околностите на оставката. Функцијата привремено ја презема потпретседателката Илијана Јотова. Радев ја изрази довербата дека таа ќе биде достоен наследник и ѝ се заблагодари за соработката во изминатите девет години.
Оставката ја проследи жесток критички говор кон политичката елита, која ја обвини за олигархиско функционирање и тргување со националните интереси. Тој побара прошка од граѓаните за сопствените грешки и повика на „нов општествен договор“ за спас на демократијата.
Радев заминува како петти демократски избран претседател на Бугарија, поранешен командант на бугарското Воено воздухопловство и два пати реизбран со голема поддршка од јавноста. Во завршното обраќање порача: „Подготвени сме, можеме и ќе успееме!“, што веќе се толкува како најава за нов политички ангажман.