(ВИДЕО) Трошановски: Лидерската беше проформа – одеднаш се јави пацифизам
➡Никакви одлуки не беа донесени, па ако за некаков ефект може да говориме е дека после наелектризираната атмосфера која произлезе помеѓу политичките партии после локалните избори, сега сведочиме на некаква пацификација. Отсуството на СДСМ за мене е сѐ уште неразбирливо. Она што го претпоставувам е можеби промена во нивниот пристап, во смисла на тоа дека сега би се држеле настрана од процесот како многу поагресивен критичар“, изјави за Трилинг, Марко Трошановски од Институтот за демократија, анализирајќи ја последната лидерска средба, без присуство на лидерот на СДСМ. ➡ Не се согласувам со изјавите на ДУИ дека треба да ги контактираме меѓународните партнери на земјата. Од 2016-та па наваму имаме избори без сериозни забелешки од ОДИХР и извештаите на ЕУ. Мислам дека нашиот политички систем е сосема доволно консолидиран, вели Трошановски.
„Никакви одлуки не беа донесени, па ако за некаков ефект може да говориме е дека после наелектризираната атмосфера која произлезе помеѓу политичките партии после локалните избори, сега сведочиме на некаква пацификација, консолидирање на политичкиот амбиент, наратив во којшто се разговара на нормално пристојно ниво. Тоа е главен заклучок.
-Отсуството на СДСМ за мене е сѐ уште неразбирливо. Она што го претпоставувам е можеби промена во нивниот пристап, во смисла на тоа дека сега би се држеле настрана од процесот како многу поагресивен критичар“, изјави за Трилинг, Марко Трошановски од Институтот за демократија, анализирајќи ја последната лидерска средба, без присуство на лидерот на СДСМ.
Прашан дали недоаѓањето на Филипче на лидерската средба е избрзан, непромислен чекор или на некој начин го става во теснец Мицкоски, Трошановски претпоставува дека со овој потег СДСМ се поставува како порадикален опозициски актер на политичката сцена.
„Но не сум сигурен дали оваа стратегија ќе вроди со плод. Можеби таа функционира кај партии што допрва треба да се факторизираат, па врз креирање на гнев, антиестаблишмент, анимозитет, создаваат поддршка кај базата. Но СДСМ е се само не нов актер и не сум сигурен колку таа стратегија ќе вроди со плод“, вели Трошановски.

За можната лидерска средба тет-а-тет меѓу Мицкоски и Ахмети, односно дали лидерот на ДУИ веќе најавува дека од него ќе зависат носењето на одредени закони со Бадентер, Трошановски вели дека тие како партија биле фактор и ќе бидат.
„Факт е дека дел од законите кои се системски или дел од реформската агенда на Владата се за жал закочени и за тоа трпи целата држава“, додава Трошановски.
Трошановски смета дека веќе е дојдено време за укинување на Пржинската влада.
„Не се согласувам со изјавите на ДУИ дека треба да ги контактираме меѓународните партнери на земјата. Од 2016-та па наваму имаме избори без сериозни забелешки од ОДИХР и извештаите на ЕУ. Мислам дека нашиот политички систем е сосема доволно консолидиран“, вели Трошановски.