(ВИДЕО) Чучуљ: Под лупа се 10 судии, 10 обвинители и 10 министри на проверка за имотната состојба

➡Отворивме постапки по актуелните два предмети што беа потенцирани од СДСМ во однос на набавките на наводна фирма блиска до власта, дека добила тендер во вредност од 9 милиони евра, и исто така постапките за јавни набавки наводно до фирма блиска до директорот на СОЗР, вели за Трилинг првиот антикорупционер Адем Чучуљ. ➡Предмет на проверка ќе бидат 10 судии, 10 јавни обвинители, градоначалниците, дел на оние што се реизбрани, 10 што им завршил мандатот, 10 пратеници и 10 министри од актуелниот состав на Владата, вели претседателот на ДКСК Адем Чучуљ.

„Отворивме постапки по актуелните два предмети што беа потенцирани од СДСМ во однос на набавките на наводна фирма блиска до власта, дека добила тендер во вредност од 9 милиони евра, и исто така постапките за јавни набавки наводно до фирма блиска до директорот на СОЗР, вели за Трилинг првиот антикорупционер Адем Чучуљ.

Прашан дали конечна ДКСК ќе покаже „заби“ и ќе се спротивстави на центрите на моќ, првиот антикорупционер вели дека Комисијата постапува и ќе постапува неселективно.

„Ние сме пред сѐ превентивен орган, имаме механизми на располагање кои се од аспект на превенција на корупцијата и доколку утврдиме сомневања за евентуални злоупотреби, нашето е да проследиме до други надлежни органи, коишто понатаму имаат механизми да ги истражат тие случаи.

Фото: Трилинг / Адем Чучуљ

За тоа дека во минатото ДКСК не „загризуваше“ во високопрофилни случаи што ги вклучуваа премиерот, првиот човек на тајната полиција и Агенцијата за разузнавање и дали сега може да очекуваме отворање на таков фронт, Чучуљ вели дека во тие еден-два случаеви Комисијата постапила во рамките на своите надлежности.

„Дури и во тие случаи имаше и постапување од надлежното ЈО. Сепак ние од наш аспект ги гледаме, односно од аспект на прибрана документација и што може ние да утврдиме. Сепак, ние сме превентивен орган, немаме истражни механизми.

-Во одредени случаи ако дојдеме до одредено сомневање, ние иницираме постапка до надлежно ЈО, кое има истражители, ПИМ мерки и други можности да утврди подетално можна корупција“, вели Чучуљ.

„Една од нашите први активности беше донесувањето на планот за испитување на имотната состојба за 2026 година и имајќи ги во вид критиките на ЕК го зголемивме бројот на лица кои ќе бидат предмет на проверка. Предмет на проверка ќе бидат најразлични категории на функционери и висок профил на функционери“, додава Чучуљ.

Прашан кои се тие функционери, Чучуљ вели дека тоа се оние кои се детектирани од Националната стратегија, односно со анализата на ризици од корупција, односно области кои се ризични за корупција.

„Предмет на проверка ќе бидат 10 судии, 10 јавни обвинители, градоначалниците, дел на оние што се реизбрани, 10 што им завршил мандатот, 10 пратеници и 10 министри од актуелниот состав на Владата, вели претседателот на ДКСК Адем Чучуљ.