
Ристо Никовски: Ние сме стратешки партнер на САД, но тие не се наш
Во изјава за весникот „Вечер“, Никовски вели: „Ние се залажуваме дека имаме договор за стратешко партнерство со Вашингтон. Тоа е нечија измислица. Имаме само декларација од половина страница, подарена како утешна награда од страна на Џорџ Буш Помладиот, по неговата неисполнета најава дека Македонија ќе стане членка на НАТО во Букурешт (2008). Таа нема никакво практично значење. И, дополнително, никој нека не се залажува дека имаме некакви специјални односи со САД. Ние сме нивен стратешки партнер, бидејќи правиме сè што ќе побараат од нас, ама тие не се и наш. Зошто Србија не е на листата, веројатно, е резултат на нејзиниот подобар рејтинг во однос на досегашното користење американски визи“.
Вклучувањето на Македонија на списокот од 75 земји за кои е суспендирано издавањето на имигрантски (иселенички) визи предизвика политички шок-бранови во земјата, затоа што беше неочекувано нашата земја да се најде во друштвото на земји од третиот свет. Плус и заради тоа што сме членка на НАТО и што имаме потпишано стратешко партнерство со САД.
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска се обидуваше да ја амортизира оваа одлука нејасно навестувајќи дека за шест месеци можеби ќе имаме позитивно изненадување во визната политика со САД, но поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека таа одлука воопшто не е случајна.
Никовски, кој е перцепиран како аналитичар кој е наклонет кон оваа владејачка гарнитура, вели дека Македонија нема специјални односи со САД и дека никој не може да знае до кога ќе трае ова заострување на имиграциската политика на администрацијата на Доналд Трамп. Тој уште додава дека „договорот за стратешко партнерство со Вашингтон е нечија измислица“.
Во изјава за весникот „Вечер“, Никовски вели:
„Ние се залажуваме дека имаме договор за стратешко партнерство со Вашингтон. Тоа е нечија измислица. Имаме само декларација од половина страница, подарена како утешна награда од страна на Џорџ Буш Помладиот, по неговата неисполнета најава дека Македонија ќе стане членка на НАТО во Букурешт (2008). Таа нема никакво практично значење. И, дополнително, никој нека не се залажува дека имаме некакви специјални односи со САД. Ние сме нивен стратешки партнер, бидејќи правиме сè што ќе побараат од нас, ама тие не се и наш. Зошто Србија не е на листата, веројатно, е резултат на нејзиниот подобар рејтинг во однос на досегашното користење американски визи“.