
Претреси на неколку локации низ државата, но и во УЈП – се апсат осомничени за перење пари и даночни измами
-Обвинителството за гонење на организирање на криминал и корупција од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери, информираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Во моментот се вршат повеќе претреси на неколку локации во државата, поради сомнежи за перење пари и даночни измами од големи размери.
Според неофицијални информации, претреси се вршат и во УЈП, јавува Фокус.
-Обвинителството за гонење на организирање на криминал и корупција од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери, информираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Повеќе информации најавуваат во текот на денот.