Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд

Во несреќата поведени се 80 луѓе. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем.

Најмaлку 22 лица загинаа денеска откако градежен кран падна врз воз во североисточниот дел на Тајланд.

Во несреќата поведени се 80 луѓе. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем.

Возот, кој сообраќал од главниот град Бангкок до североисточната покраина Убон Рачатани, излета од шините откако кран падна врз еден од неговите вагони.