
Бугарската амбасада во Македонија објави снимка од видео надзор на која се гледа како е скршено стаклото на влезната врата на Амбасадата во Скопје.
На неа се гледа како непознато лице со рака го крши стаклото.
За инцидентот остро реагираше бугарското Министерство за надворешни работи, а истиот го осуди и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.