(ВИДЕО) Се урна таванот во „Космос“ во Солун, една жена е повредена

Во трговскиот центар „Космос“ во Солун, Грција, вчера се урна дел од таванот на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните.

Во трговскиот центар „Космос“ во Солун, Грција, вчера се урна дел од таванот на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните.

Во несреќата е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и на вратот. Таа била свесна и со брза помош била пренесена во болницата „Папаниколау“.