
Денеска беа одбележани 26 години од смртта на тројца полицајци кои беа убиени во 2000 година, во заседа во Арачиново.
-Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа.
По тој повод, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба, оддавајќи почит на нивната жртва и херојство.
Тошковски рече дека делото и пожртвуваноста на загинатите полициски службеници претставуваат траен завет и силен потсетник за значењето на службата во заштита на безбедноста и државата.
-Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации, рече Тошковски.