Сиљановска ги предложи Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова ги предложи своите двајца кандидати за членови на Судскиот совет: професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. За нив сега треба да гласа Собранието.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги предложи своите двајца кандидати за членови на Судскиот совет: професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. За нив сега треба да гласа Собранието.

Овој потег следи по претходната најава на Силјановска-Давкова дека ќе ги достави своите предлози дури по усвојувањето на законските измени, инсистирајќи на избор на истакнати лица од областа на правосудството. Предлозите доаѓаат по усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет на 29 декември, кој донесе измени насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка која академската кариера ја градела на Факултетот за правни и политички науки при ФОН, како и на приватниот МИТ Универзитет. Беше и член на Комисијата за помилување на Сиљановска. Сузана Јошевска-Анастасовска е истакната адвокатка со долгогодишна пракса и позната во јавноста преку нејзините настапи за проблемите во судството.