Славески очекува пад на инфлацијата

Според Славески, домашната економија досега покажува отпорност на глобалните ризици, а позитивните трендови ќе продолжат и годинава.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најавува дека инфлацијата во Македонија ќе се намалува и годинава ќе се сведе на 2,5%, а потоа постепено ќе се врати на историскиот просек од околу 2%.

Додека Народната банка очекува стабилизација на цените, Државниот завод за статистика во последниот извештај за декември 2025 година посочува дека трошоците за живот за една година пораснале за 4,1%.

Според Славески, домашната економија досега покажува отпорност на глобалните ризици, а позитивните трендови ќе продолжат и годинава.

Важна улога, вели тој, ќе имаат јавните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, како и локалните инфраструктурни проекти.

„Очекуваме солидно закрепнување на економијата, поттикнато од јавни и приватни инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор.

Дополнителен импулс ќе даде приливот на странски директни инвестиции“, вели гувернерот во изјава за магазинот „Економија и бизнис“.