Досега во Македонија не се правеше испитување на ембрионот, за да се дознае дали е тој здрав, а од сега, откако Фондот за здравство денеска потпиша договор со Природно-математичкиот факултет, ќе се овозможи такво испитување.
Како што рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, ќе се воведе оваа нова метода, со која ќе се испитува дали новиот ембрион, пред да се всади во матката на мајката е здрав и нема никакви генетски заболувања. Со ова ќе се зголеми успешноста на ин витро оплудувањата и можноста на свет да се донесе здрав плод. За оваа процедура од ембрионот ќе се земаат само неколку клетки.
Тој потсети дека воведени се шест ин виро интервенции на товар на Фондот, со што се овозможуваат поголеми шански некои луѓе да се остварат како родители.
Со денешниот договор ќе се извршуваат ен-ги-о проверки, кои досега се работе на медицинскиот факултет и во МАНУ, а отсега ќе се спроведуваат ина ПМФ. За таа намена наскоро ќе биде објавен тендер за набавка на материјали, за да не се доведат во состојба да почне процедурата, а за некои панциенти да има недостиг.