Детали за киднапирањето на Николас Мадуро: Го зароби елитната единица „Делта Форс“

Американската новинарка на CBS, Џенифер Џејкобс, објави, повикувајќи се на свои извори, дека операцијата за киднапирање на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја извршиле членови на Делта Форс, единица за специјални мисии.

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека Николас Мадуро и неговата сопруга се заробени и сега се надвор од земјата, по моќните напади што беа извршени во Венецуела.

Во кратко интервју за NYT, Трамп ја нарече операцијата брилијантна.

Според Wall Street Journal, потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, е безбедна.

Исто така, министерот за одбрана, чија куќа исто така беше нападната, Владимир Падрино Лопез, се обрати до јавноста и рече дека нема да преговара ниту да се предаде и дека на крајот ќе победи.