МЗ: И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен за двегодишното дете

– И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело. Изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејството и најблиските во овие неизмерно тешки моменти, потенцираат од Министерството за здравство.

И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, истакнуваат попладнево од Министерството за здравство во врска со случајот со двегодишното дете повредено во новогодишната ноќ.

– Двегодишното детето беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на механичка вентилација, ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, 24-часовен мониторинг, се наведува во денешното соопштение.

Како што се додава, интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволувал хируршко лекување.

– И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело. Изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејството и најблиските во овие неизмерно тешки моменти, потенцираат од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат до сите граѓани, новогодишните празници да се одбележуваат мирно и достоинствено, без употреба на пиротехнички средства, петарди, а особено без користење огнено оружје.

-Последиците од ваквото неодговорно однесување се сериозни и за жал, можат да бидат и фатални, велат од Министерството за здравство.

Како што соопшти полицијата, на 01.01.2026 во 00:58 во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со стран предмет во глава е донесено двегодишно дете од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со мајката Г.Д.(21), која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето. Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26). Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.