Во Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија: Го убил со четири прободувања во срцето и градите
Расчистено е убиството на новогодишната ноќ во Старата чаршија. Осомничениот убиец, кој избега веднаш по убиството е уапсен на Косово. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен турски државјанин, осомничен за кривичното дело сторено за време на пречекот на Нова Година во кафе-бар во Старата скопска чаршија.

Според обвинителството, осомничениот, со престојувалиште во Тетово, започнал расправија со двајца турски државјани на возраст од 22 и 23 години. По првичниот конфликт, оштетените заминале кон плоштадот, но поради неможност да најдат такси, повторно се вратиле во чаршијата и поминале во близина на истиот објект.
При повторната средба, расправијата ескалирала, по што осомничениот извадил нож и му нанел четири убоди во градниот кош и срцето на 22-годишниот Ахмет Мерт Доган, кој починал на лице место. Со уште еден убод во грбот го повредил и вториот оштетен, со намера и него да го лиши од живот, по што избегал.
Во текот на истрагата што заврши експресно биле преземени повеќе дејствија: наредена е обдукција, подигнати се траги за вештачење, разговорано е со сведоци и обезбедени се снимки од видео-надзор, врз основа на кои е идентификуван осомничениот, информираат од Обвинителството.
Истражните органи утврдиле дека тој се наоѓа на косовска територја каде бил лишен од слобода од тамошните органи. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор во отсуство, по што веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција.