Почина двегодишното дете што беше застрелано за време на новогодишната ноќ

Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од заталкан куршум додека гледало огномет.

Како што претходно објавија медиумите, детето во моментот на инцидентот се наоѓало надвор со својата мајка. Додека таа го држела во раце, детето било погодено од метален проектил, најверојатно залутан куршум, по што итно било пренесено во болница.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно информираше дека станува збор за еден од најсериозните инциденти за време на новогодишната ноќ, посочувајќи дека повредата е предизвикана од метален фрагмент и дека околностите под кои настанал случајот сè уште се предмет на истрага.