(ВИДЕО) Трилинг: Среќа, надеж, храброст наспроти песимизмот и апатичноста

На вториот ден од 2026-та година едно поинакво издание на Трилинг со психологот и психотерапевт Фики Гаспар и Ема Никочевиќ, македонска кошаркарска судијка во ФИБА која успеа да се врати на кошаркарските терени по битката со туморот на глава.

На вториот ден од 2026-та година едно поинакво издание на Трилинг со психологот и психотерапевт Фики Гаспар и Ема Никочевиќ, македонска кошаркарска судијка во ФИБА која успеа да се врати на кошаркарските терени по битката со туморот на глава.

Фото: Трилинг / Фики Гаспар

„Здравјето е основа да може да имаме среќа и финансии. Финансиите се постигнуваат. Тие се најневажната и би кажал едноставната работа ако човек знае како да стигне до таму.

-Не можам да ги одвојам среќата, љубовта и надежта, затоа што се три клучни компоненти кај секој човек, особено за менталното здравје“, вели за Трилинг Фики Гаспар, психолог и психотерапевт.

Фото: Трилинг / Ема Никочевиќ

„Таа борба за животот ме прави уште посилна. Јас мислам дека дури сега треба да одам кон другите цели“, вели за Трилинг Ема Никочевиќ, македонска кошаркарска судијка во ФИБА.

Во ова издание на Трилинг се потсетуваме и на разговорите со режисерот и сценарист на филмот „ДиЏеј Ахмет“, Георги М. Унковски, со оперскиот пејач Игор Дурловски, со режисерот на филмот „К-15: Од другата страна“ Илија Ико Каров, со Сара Миленковска, политиколог, граѓански активист и магистер по родова еднаквост и со режисерот на „Светот на Биби“ Гоце Цветановски.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.