До доцните полноќни часови, работеа пратениците во законодавниот дом.
Се расправаше по Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“ во Република Либан.
Расправата е во рамки на 73 седница, на која претходно на неполн час по полноќ по неколкучасовна дебата беше исцрпена листата со говорници од опозициската ВМРо-ДПМНЕ за Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на ЕУ „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. За таа точка, како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се гласа дополнително.
Опозицијата продолжи со активната блокада.
На дневен ред на 73. седница се и две ратификации, како и измени на Законот за платите на судиите, како и на членовите на Судскиот совет, измени на Законот за сигурност на железничкиот систем и измени на Законот за средното образование.