
Пожар избувнал попладнево на Скопска Црна Гора над селата Арачиново и Страчинци. Според првичните информации, гори сува трева на повисоките делови над овие две села.
-Денеска во попладневните часови, на Единствениот повикувачки број за итни повици 112, беше пријавен пожар на планината Скопска Црна Гора, при што се евидентирани активни жаришта на повеќе локации – информираа од ЦУК.
На терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.