Нови услови за пензионирање на жените во Србија

Во Србија од денеска се менуваат условите за остварување право на старосна пензија за жени - тие ќе можат да се пензионираат на 64 години, со најмалку 15 години стаж.

Во Србија од денеска се менуваат условите за остварување право на старосна пензија за жени – тие ќе можат да се пензионираат на 64 години, со најмалку 15 години стаж.

Тоа е два месеца повеќе од лани кога на жените им беа потребни 63 години и 10 месеци живот за да се пензионираат, со ист стаж, објави Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Србија.

За мажите се уште важат истите услови – 65 години возраст и најмалку 15 години стаж.
Законот пропишува поместување на старосната граница за жените до 2032 година, кога условите за двата пола ќе се изедначат на 65 години возраст и најмалку 15 години стаж.

Осигурениците на пензискиот фонд од двата пола можат да го остварат своето право на пензија по наполнети 45 години стаж, без оглед на нивната возраст.

Од денеска, за остварување на правото на предвремена старосна пензија се потребни 40 години стаж или 60 години живот. Во тој случај, пензијата трајно се намалува за 0,34 проценти за секој месец пред да се достигне пропишаната возраст за стекнување право на старосна пензија во таа календарска година, а максимум 20,4 проценти.