Денеска затворени поголемиот дел од маркетите и трговските центри во Скопје
Маркетите „Веро“, „Тинекс“ и „КАМ“ денеска се целосно затворени за посетители. Делумно ќе работат маркетите „Рамстор“, и тоа само оние лоцирани во рамки на трговските центри, со скратено работно време од 12 до 20 часот.

Од трговските центри, „Сити мол“ денеска е затворен, со исклучок на маркетот кој работи во скратен термин од 12 до 20 часот. „Дајмонд мол“ и „Ист Гејт мол“ денеска не работат и остануваат целосно затворени за посетители.
За граѓаните на кои им е потребна здравствена услуга, денеска дежураат повеќе аптеки во различни делови од градот. Отворени се аптеките „Виола 7 Тобако“ во Аеродром, „Еурофарм“ во Тафталиџе, „Еурофарм Разловечко востание“, „Зегин Буњаковец“, како и аптеката „Зегин“ во Градската болница.
Од ЈСП „Скопје“ информираат дека јавниот превоз функционира со изменет режим во првите денови од новата година, поради празничниот распоред. Граѓаните се повикуваат навреме да се информираат за термините на поаѓање и евентуалните измени во возниот ред.