
Во пожар на новогодишна забава во ски-центар во Швајцарија загинаа неколку лица
Неколку лица го загубија животот, а повеќе се повредени во пожар што избувна за време на новогодишна забава во луксузен алпски ски-центар во јужна Швајцарија, соопшти локалната полиција.
Неколку лица го загубија животот, а повеќе се повредени во пожар што избувна за време на новогодишна забава во луксузен алпски ски-центар во јужна Швајцарија, соопшти локалната полиција.
Пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ, на 1 јануари 2026 година, во лаунџ-барот „Le Constellation“ во туристичкото место Кранс-Монтана, во кантонот Вале, изјави портпаролот на кантоналната полиција, Гаетан Латион.
„Има повеќе повредени и неколку загинати лица“, изјави Латион, без да прецизира точен број на жртви и повредени.
Полицијата засега не соопштува детали за причините за пожарот. Истрагата е во тек, а местото на несреќата е обезбедено.
Кранс-Монтана е познат како ексклузивна туристичка дестинација и еден од најпознатите зимски ресорти во Швајцарија, особено за новогодишните празници.