Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“

Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин Свети Наум кај Охрид или Блато кај Дебар.

Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот.

Портпаролот на СВР Охрид за МИА информира дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини се уште не е отстранета цистерната од коловозната лента.

Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин Свети Наум кај Охрид или Блато кај Дебар.