Паркинзите на ПОЦ во Центар бесплатни за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 1 јануари, 6 јануари- Бадник и на 7 јануари- Божиќ, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари во петок, како и од 8 јануари со вообичаеното работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.