Затвор од 11 години за Фатон Љури, кој го прегази Југослав Николовски на Кеј

Фатон Љури на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегази Николовски и го напушти местото на несреќата.

Основниот кривичен суд – Скопје му изрече казна затвор од 11 години на Фатон Љури, кој на пешачка патека во Скопје со мотор го прегази 68- годишниот Југослав Николовски.

Фатон Љури на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегази Николовски и го напушти местото на несреќата.

Љури возел мотор „кавасаки“ без возачка дозвола и без кацига, а по несреќата два дена беше во бегство.