Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе имаат телефонски разговор со европските лидери по нивниот состанок во Флорида, изјави попладнево портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров.

Зеленски изјави одделно дека веќе имал „детален телефонски разговор“ со британскиот премиер Кир Стармер.
„Разговаравме за подготовките за состанокот со претседателот Трамп, како и за сите наши контакти со европските партнери. Го информирав за ситуацијата на фронтот и последиците од руските напади“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.