Ограничен број билети во продажба за премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ

За македонската свечена премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, пуштен е во продажба ограничен број билети.

За македонската свечена премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, пуштен е во продажба ограничен број билети.

Премиерата ќе се одржи на 4. јануари 2026 година, во 20:30 часот, во Македонски народен театар, каде филмот за првпат ќе биде прикажан пред домашната публика по своите меѓународни премиери и фестивалски успеси.

Филмската екипа на “Силјан” ќе присуствува на проекцијата и ќе ги поздрави гостите.

Билетите се достапни преку платформата drugastrana.mk на следниот линк:
https://drugastrana.mk/event/prikaznata-za-siljan/

Поради ограничениот капацитет на салата, бројот на билети е строго ограничен.